600.000 наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, со СДС и ДУИ на власт секој ден е полош од претходниот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, народот нема за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„600.000 наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден. Со СДС и ДУИ на власт секој ден е полош од претходниот. Со СДС и ДУИ бројот на сиромашни граѓани за 6 години се зголемил за 140.000“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат во 2018 година бројот на луѓе кои живееле во сиромаштија бил 460.000 , денес 600.000.

„Секоја година од 2018 до денес по 24.000 граѓани запаѓаат во сиромаштија. Тоа значи дека овие луѓе имаат потешкотии да си ги обезбедат и основните средства за живот, како храна и лекови. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK