Објавени први снимки: Пакистан го ракетираше Иран, има мртви

Објавени-први-снимки-Пакистан-го-ракетираше-Иран-има-мртви.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пакистан изврши напади во Иран насочени кон сепаратистичките милитанти, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи, два дена откако Техеран соопшти дека нападнал бази на милитанти поврзани со Израел на пакистанска територија.


Иранските медиуми јавуваат дека неколку проектили погодиле локација во провинцијата Систан и Белучистан, која се граничи со Пакистан, при што загинале три жени и четири деца, од кои ниту едно по потекло од Иран.

„Неколку терористи беа убиени за време на оваа операција заснована на разузнавање“, се вели во соопштението на пакистанското министерство, опишувајќи ја операцијата како „серија на високо координирани и конкретно насочени воени напади против терористичките засолништа“.

„Пакистан целосно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Исламската Република Иран“, додаде Министерството за надворешни работи и објасни дека „единствената цел на денешниот чин е да се обезбеди безбедноста и националниот интерес на Пакистан, кои се најважни и не можат да бидат загрозени“.

Пакистански разузнавачки извор за Ројтерс изјави дека нападите биле извршени со воени авиони.

„Нашите сили извршија напади врз милитантите на Белуџистан во Иран“, изјави разузнавач во пакистанската престолнина Исламабад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK