Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го покриjа автопатот, предизвикувајќи сообраќаен метеж и колони возила кои се протегаа со километри.
Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата, пренесува „Билд“.
Во сојузната држава Тирингија, покрај снегот, на коловозот имаше и мраз, поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата.
Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн над планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“.
Стотици летови низ Германија беа откажани вчера поради екстремните временски услови кои ја придружуваат снежната бура Гертруда, а на патниците им се препорачува да го проверат статусот на летот пред да се упатат кон аеродромот.
Во Франција, особено во северните области, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.