Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ,
„Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија. Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначапникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна.
„Проектот на СДС и Зечевиќ ке доживее дебакл, зошто јасна е намерата. Добро би било наместо висока политика за почеток почне да го решава хаосот во Скопје. Колку за промена, но за жал и за тоа не ја бива“, завршуваат од опозициската партија.