Камион усмрти пет пешаци откако доживеале сообраќајка: трагедија на заледен автопат во САД

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пет лица загинаа кога камион ги покоси среде автопат во североисточна Пенсилванија, покриен со снег. Тие тргнале пеш и ги оставиле возилата поради судир, соопшти американската полиција.



Комбето поради снегот се лизнало и удрило во оградата на патот, и автомобилот кој налетал на него. Луѓето ги оставиле излетаните возила и тргнале пеш да излезат од патот, но биле покосени од камион.

Во североисточна Пенсилванија е многу студено, а метеоролошката служба предупредува на замрзнати и лизгави патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK