Како што потврди студијата „Brand Finance Global 500“ објавена денеска, Дојче Телеком е еден од највредните брендови во светот. Експертите ја рангираа Групацијата како единствена европска компанија во првите десет. Како резултат на тоа, Дојче Телеком напредуваше за две позиции во споредба со претходната година и сега се наоѓа на силното деветто место. Дојче Телеком, исто така, за прв пат стана највредниот телекомуникациски бренд во светот, победувајќи ги Verizon и AT&T во борбата за првото место. Во Европа, T останува прворангиран корпоративен бренд. Највредниот бренд во светот е Apple, којшто заврши пред Microsoft, Google и Amazon. Британскиот институт за истражување на пазарот Brand Finance денеска ја објави меѓународната студија како дел од Светскиот економски форум во Давос.
Успехот на Дојче Телеком се заснова на моментална вредност на брендот, највисока во историјата на компанијата. Според студијата, таа изнесува 73,3 милијарди американски долари. Растот во однос на претходната година (62,9 милијарди американски долари) изнесува 17 проценти. Вредноста на брендот се искачи за 84 проценти од 2020 година. Во овој период, Дојче Телеком скокна од четвртото место и стана најсилниот телекомуникациски бренд во светот.
„Успеавме да станеме еден од 10-те најсилни светски брендови. Ова е неверојатен успех за нашата компанија“, вели главниот директор за бренд на Дојче Телеком, Улрих Кленке. Нашата глобална стратегија за бренд функционира навистина добро и нашите инвестиции за создавање силен бренд се исплатуваат. Ова оди рака под рака со нашите економски и технолошки успеси во Германија, Европа и Соединетите Американски Држави и игра улога во воспоставувањето на Дојче Телеком како водечки дигитален телекомуникациски оператор“.
Корисничкото задоволство го прави брендот уште посилен
Ова значително зголемување на вредноста на брендот на Дојче Телеком, британската консултантска компанија Brand Finance го припишува на повеќе аспекти како што се позитивниот економски и технолошки развој. Групацијата продолжува да постигнува резултати преку одржливи инвестиции во квалитетот на мрежата, дигиталните технологии и корисничките услуги. Според Brand Finance, одличниот квалитет на мрежата на Дојче Телеком игра решавачка улога кога станува збор за придобивање и задржување на корисниците – како во Европа, така и во Соединетите Американски Држави. Според експертите, значителните подобрувања во клучните индикатори за брендот, како што се: иновациите, корисничките услуги, фокусот кон корисниците, исплатливоста на услугите и препораките играат клучна улога во зголемувањето на силата на брендот. Оцената на брендот се зголеми од 79 на 83 од вкупно 100 поени, што значи дека се подобри од АА+ на ААА-. Конзистентното глобално присуство на брендот му овозможи на Дојче Телеком дополнително да го зајакне својот имиџ како глобален играч. Овие фактори и високото ниво на корисничко задоволство го направија брендот уште посилен.
Brand Finance од Лондон е глобална и независна консултантска компанија за вреднување и анализа на брендови. Институтот го составува рангирањето на 500 највредни брендови во светот според вредноста на брендот во американски долари. Вредностите на брендот се пресметуваат врз основа на надоместоците за лиценца што одредена компанија треба да ги плати доколку не го поседува брендот.
Успешна глобална стратегија за бренд Позитивниот тренд на брендот на Дојче Телеком е потврден и со други истражувања, како што е студијата на Kantar BrandZ „Највредни светски брендови“. Овие резултати го потврдуваат успехот на глобалната стратегија за бренд. Новиот слоган „Connecting your world“ е последниот елемент со кој Дојче Телеком доследно ја усогласува својата глобална стратегија за брендот Т.
Повеќе за извештајот „Brand Finance Global 500“ на www.brandfinance.com.
Филм за брендот “T – Connecting your world”: https://youtu.be/uzbr9aF7BHM