Судскиот совет со 7 гласа „за„ и 4 гласа „против“ одлучи претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да не биде разрешена од функцијата.
Нејзино разрешување претходно побара членот на советот, Миљазим Мустафа.
Тој ја обвини Адеми дека не присуствувала на седниците на Советот во периодот од крајот на мај до почетокот на ноември минатата година, што според Мустафа било нејзина обврска како член на Судскиот совет по функција. За подносителот на иницијативата е спорно и тоа што Адеми не се одзвала на повикот на Судскиот совет да дојде на состанок на кој би се дискутирало за нејзините наводи изнесени во интервју.