Захарова: НАТО провоцира на границите со Русија и Белорусија, ќе одговориме

Захарова-Ако-Србија-влезе-во-ЕУ-ќе-мора-да-се.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зголемувањето на војската на НАТО во близина на границите на Русија и Белорусија е дестабилизирачки фактор и Москва ќе преземе соодветни мерки како одговор, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на брифинг со новинарите, пренесува руската државна новинска агенција Тасс.


„Зголемената воена активност на НАТО и неговите сојузници во близина на границите на Русија и нејзината заедница со Белорусија е од провокативна природа и може целосно да ја урне архитектурата на европската безбедност, а таквите чекори сигурно нема да поминат без соодветен одговор од Русија“, истакна таа.

Коментирајќи ја недамнешната изјава на висок полски функционер кој рече дека германските војници ќе бидат добредојдени во неговата земја, Захарова ја отфрли таа реторика како „уште еден антируски елемент на глобалната русофобна политика што ја спроведуваат земјите на НАТО“.

Според Захарова, околу 10.000 американски војници се веќе распоредени во Полска, каде што е стационирана мултинационалната тактичка група силите на НАТО, во која се американски, британски, хрватски и романски членови.

„Очигледно, повиците за распоредување дополнителни странски трупи на полска територија, нешто за што немаше да има потреба доколку тие земји беа ориентирани кон мирот, треба да се гледаат како желба да се подигнат тензиите во Европа и да се продолжи целосниот колапс на заедничката европска сигурност“, заклучи таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK