Најмалку две лица се повредени во експлозија и пожар што избувна во фабрика за полимери во рускиот град Шакти во Ростовската област, јавија руските медиуми.
Како што објави на Телеграм, Ектареина Стењакина, пратеник на руската Дума од Ростовската област, експлозијата се случила во фабриката за полимери „Авангард“.
Вибух стався на полімерному заводі “Авангард” у місті Шахти Ростовської області Росії. Відео з російських Telegram-каналів pic.twitter.com/Htz2LjP9xW
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) January 17, 2024
„Се уште ги утврдуваме сите детали. Станбените згради не беа погодени, но фабриката претрпе штета. Пожарот предизвикан од експлозијата се уште не е изгаснат“, рече Стењакина.
Таа додаде дека нема загинати, но две лица се пренесени во болница. Работниците во фабриката се евакуирани. Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека пожарот избувнал во фабрика во населбата Гидропривод во градот Шакти. Фабриката Авангард, инаку, произведува полимерни пломби за душеци и перници.
Причината за пожарот се уште не е позната.