(Видео) „Паѓа толку многу снег што луѓето излегуваат од дома преку прозорците“ – снежен хаос во Норвешка

Видео-„Паѓа-толку-многу-снег-што-луѓето-излегуваат-од-дома.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невидена снежна бура ја покри Норвешка, а во главниот град Осло предизвика хаос во транспортот.


„Жал ни е, ова е хаос. Надвор е минус 10, но тоа не е проблемот. Падна толку многу снег што немаа време да го расчистат. Вака никогаш не било, минатата недела беше -25. Беше тотален колапс, луѓето се евакуирани од метроата, снема струја во делови од градот“, изјави за 24сата.хр една Хрватка која живее во Осло.

Таа вели дека едвај стигнала на работа и дека некои луѓе останале заглавени во нивните куќи бидејќи снегот им ги затрупал вратите па морале да излезат низ прозорците.

Сите автобуси во центарот на Осло се откажани, а останатиот дел од јавната транспортна мрежа на норвешкиот главен град е погоден од големи проблеми поради снежното невреме.

„Голем дел од јавниот превоз е зафатен од снежното време. Ова води до одложувања и откажувања на неколку линии. Ви препорачуваме да не патувате денес. Ако сепак треба да патувате, ве охрабруваме да планирате однапред и да го проверите планерот за патување“, напиша транспортната мрежа својата веб-страница во средата.

Со големи проблеми се соочија и градските линии на трамвај и метро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK