Полицијата на подрачје на Бит Пазар го приведе А.Б.(55) од Скопје.
При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје.
„Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.