„Со новиот Предлог закон за измени во спортот 25% од ваучерот ќе се исплаќа на странци“, велат од партијата Левица

„Со-новиот-Предлог-закон-за-измени-во-спортот-25-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Спортистите и спортските клубови очекуваа правични измени во Законот за спорт по повод Ваучер системот кои беа најавени, а за возврат добија небулозни нови измени што ги предложи Министерот за правда до Собранието на Македонија во кои се предвидени 25% од средствата кои ќе се дадат преку ваучерот да може да се дадат на странци!“, велат од партијата Левица.


„До Левица пристигаат информации дека средствата кои се даваат на годишно ниво преку ваучерот за македонските спортски субјекти воопшто не се доволни за настап на сите натпреварувања кои се предвидени на годишно ниво.

Ова е голем удар за македонските спортисти и спортски клубови, бидејќи доколку раководството на клубот одлучи дел од средствата да ги даде на спортист странец тоа сега ќе може да го направи со овие законски измени!

Со ваквите измени воопшто не се поддржува националниот спорт, напротив истиот системски се уништува и наместо да се вложува во државни тимови и индивидуалци се дава предност на странски спортисти!!

Левица е апсолутно против овие законски измени и ќе се залага за укинување на овие паушални измени кои се донесени на штета на македонскиот спорт“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK