Денеска во 01.55 часот во спортска обложувалница во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето 32-годишниот С.Н. од село Ново Село, општина Желино, извести МВР.
„Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата“, соопшти МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.