„Сестра ми работи во М-НАВ од пред 15 години, немам улога во тоа“, рече Османи

Осуммина-осомничени-ја-загрозиле-безбедноста-на-воздушниот-сообраќај-на-аеродромот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кажа дека неговата сестра работи во М-НАВ од пред 15 години, а за критериумите по кои работи тој им одговори на новинарите да ги прашаат во М-НАВ.


„Јас немам никаква улога во тоа, тоа е 12 години пред јас да станам министер за надворешни работи. Оваа тема е искористена на секои избори во последните 15 години. Истото образложение го давам веќе 15 години, очигледно е дека избрите го прават тоа, така што ќе играме по тие ноти“, изјави Османи.

Бујар Османи, во 2008 година беше министер за здравство. На таа позиција остана до 2011 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK