Русите одлучија: за Путин ќе може да се гласа и во Америка

Русите-одлучија-за-Путин-ќе-може-да-се-гласа-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија ќе отвори избирачки места во САД во три свои дипломатски или конзуларни претставништва за претседателските избори во март, најави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон. Тоа беше објавено во време кога односите меѓу двете земји се на најниско ниво од Студената војна поради конфликтот во Украина.


Русија, која е цел на низа западни санкции поради нападот на Украина во 2022 година, сè уште не одлучила дали избирачките места ќе се отворат и во европските земји што ги смета за „непријателски“. Изборите се закажани за 17 март. Претседателот Владимир Путин, кој владее со Русија од 2000 година, покажа дека има намера да се кандидира за петти мандат.

Доколку победи, би останал во Кремљ најмалку до 2030 година, кога ќе има 78 години. Неговиот реизбор е без сомнеж во земја каде што сета вистинска опозиција е уништена.

„Во САД планираме да отвориме три избирачки места: во нашата амбасада во Вашингтон, како и во нашите конзулати во Њујорк и Хјустон“, изјави рускиот амбасадор Анатолиј Антонов, пренесе амбасадата.

Соединетите Американски Држави ја снабдуваа Украина со оружје против руските сили, а западните земји воведоа тешки економски санкции кон Москва. Русија минатата недела посочи дека сè уште не одлучила за отворање на избирачки места во Европа. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека одлуката ќе биде донесена пред крајот на јануари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK