Вчера попладне во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода 55-годишниот А.Б. од Скопје, извести МВР.
„При качување во автобус, тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.