Меѓународно признатата влада на Јемен ја повика Велика Британија да ја промени својата политика во Газа и да поддржи итен прекин на огнот, пишува Гардијан.
Повикот го упати Ахмад бин Мубарак, министер за надворешни работи на јеменскиот претседателски совет, за време на денешниот телефонски разговор со британскиот министер за Блискиот Исток, Лорд Ахмад.
Тој рече дека е императив веднаш да се спроведе прекин на огнот во Газа. Овој став е ист како оној на бунтовниците Хути, кои со години водат војна со гореспоменатата јеменска влада.
Обединетото Кралство вели дека ќе поддржи само прекин на огнот што е одржлив, со што тоа значи ситуација во која Хамас повеќе не може да претставува безбедносна закана за Израел.