Саудиска Арабија почнува да гради високотехнолошки стадион на врвот на карпа висока 200 метри над Ријад. Стадионот ќе биде изграден за потребите на Светското првенство во 2034 година, кое ќе се одржи во оваа блискоисточна земја. Стадионот ќе има капацитет од 45.000 седишта и ќе го носи името на принцот Мохамед бин Салман.
Денеска беше претставен концептот на овој стадион. Инвестициската компанија Кидија, која е задолжена за изградба на стадионот, нагласува дека објектот ќе има покрив и терен што ќе се повлекува по потреба и сто метри ЛЕД ѕид. ЛЕД ѕидот е дизајниран да отвори поглед на градот под стадионот.
Инвестициската компанија Кидија (QIC) е во целосна сопственост на Саудиска Арабија, односно Фондот за јавни инвестиции управуван од принцот Бин Салман.
Истиот фонд е сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл.
Future Mohammad Bin Salman stadium in SAUDI ARABIA, Qiddiya city pic.twitter.com/USquzhoRiU
— Masoom Anjaan (@MasoomAnjaan4) January 16, 2024