(Видео) Каевски: Антикорупциска да постапи по скандалот на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државната антикорупциска комисија треба да постапи во однос на сомнителните јавни набавки со нереални, астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ, порача пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.



Пред новинарите, Каевски повика аферата на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена да се расчисти до крај.

„Ова се договорите за спорните јавни набавки по астрономски суми, неколкупати над реалните цени. Опшина Битола потрошила речиси 50.000 евра а општина Велес околу 40.000 евра за јавна набавка на машина за бележење хоризонтална сигнализација. Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали. Многу други општини како Илинден на пример, но и Центар и други набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола“, рече Кавески.

Тој праша во чии џебови завршила разликата и изрази очекување дека антикорупцската комисија ќе преземе мерки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK