Силен земјотрес ја погоди Јапонија

zemjotres2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди  јапонската префектура Ишикава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.


Епицентарот на земјотресот бил во областа на префектурата Ишикава, на длабочина од 10 километри, јавува агенцијата Кјодо.

Не е издадено предупредување за цунами.

Јапонската префектура Ишикава на 1 јануари ја погоди многу силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 220 луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK