Синоќа во Лос Анџелес по 75-ти пат беа доделени престижните Еми награди.
Кристина Еплгејт, која долго време има сериозни здравствени проблеми, ги изненади сите кога вчера се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите Еми. Тешко болната актерка заплака на доделувањето на Еми наградите по овациите на публиката.
Популарната актерка, која пред три години дозна дека боледува од мултиплекс склероза, излезе на сцената со помош на стап, додека водителот Ентони Андерсон ја држеше за рака.
„Ти благодарам многу, о Боже, Оземпик не се грижеше за моето тело“, се пошегува актерката, а нејзиниот коментар се однесува на лекот за слабеење кој им помогна на бројни холивудски ѕвезди да ослабат.
Актерката доби престижна награда за улогата во серијата „The Bear“, пренесува DailyMail.