Загина Лев Рубинштајн, познат руски поет и критичар на Путин: го удри автомобил во Москва

Загина-Лев-Рубинштајн-познат-руски-поет-и-критичар-на-Путин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот поет Лев Рубинштајн, водечка фигура на советската „андерграунд“ книжевна сцена, почина неколку дена откако беше прегазен од автомобил, објави неговата ќерка.


Рубинштајн се смета за еден од основачите на рускиот концептуализам, авангардно книжевно движење кое ја исмеваше официјалната доктрина на социјалистичкиот реализам во 1970-тите и 1980-тите.

„Мојот татко, Лев Рубинштајн, почина денеска“, напиша неговата ќерка Марија на блогот што го презедоа руските медиуми.

По распадот на СССР, Рубинштајн стана познат и неговите дела беа широко објавени. Тој беше отворено непријателски настроен кон рускиот претседател Владимир Путин и редовно протестираше поради засилувањето на репресијата и кршењето на човековите права од страна на Кремљ, пишува Гардијан.

Кога Путин започна сеопфатен напад врз Украина, Рубинштајн потпиша отворено писмо со други истакнати писатели во кое ја осудува „криминалната војна“ и „лагите“ од Кремљ. Рубинштајн не бил уапсен или гонет за време на конфликтот во Украина, соопшти организацијата за човекови права .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK