Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.642 повика на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,61 %, а 1,95% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 42,19 %, кон Итната медицинска помош 45,70 %, кон пожарникарите 10,16 % од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,95 % со другите 1,95% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање.
Регионалниот ЦУК Струмица, извести дека околу пладне била добиена пријава од граѓанин за излетано возило од патот на патниот правец од Струмица кон Брана Водоча.
Веднаш биле известени МВР и ТППЕ Струмица кои излегле на терен и констатирале дека се работи за излетано возило надвор од патот во длабочина од 5 метри. Лицата ги немало во и околу возилото, биле барани и било констатирано дека имало две лица и коишто за срека не биле повредени. Инаку, двете лица сами го напуштиле местото на настанот и не го пријавиле сами и на време случајот. Излизганото возило од долот длабок 5 метри, вчера попладне било извлечено, известува ЦУК.
Вториот случај за животозагрозувачка ситуација при итен случај се случил кога пожарникарите од Скопје вчера со еден протувпожарен тим гаснеле запалена електрична инсталација на улицата „Пекљане“ бр.1А во општина Ѓорче Петров, каде што едно лице добило гушење од чад и истото било евакуирано и безбедно било пренесено во болница, додаваат од ЦУК.