Хамас вчера објави видео на кое се гледаат тројца израелски заложници кои се држат во Газа како молат од нивната влада да ја прекине офанзивата против палестинската исламистичка група и да обезбеди нивно ослободување, додека двете страни одбележуваат 100 дена од војната.
◾ Hamas released a new video with Israeli hostages sending a message for Netanyahu. pic.twitter.com/1uDsdsbhgQ
— fr0gz (@frogsarelovely) January 14, 2024
Видеото од 37 секунди завршува со зборовите: „Утре ќе ве информираме за нивната судбина“.
Хамас претходно соопшти дека изгубил контакт со некои од заложниците како резултат на израелското гранатирање на Газа, што веројатно ги убило. Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Убаид, во неделата изјави дека судбината на многу од израелските заложници е непозната.
Во своето прво телевизиско интервју по неколку недели, по повод 100-тиот ден од почетокот на војната, Абу Убаида рече дека е можно многу од заложниците да биле „убиени“, обвинувајќи го Израел за нивната судбина.