28 годишен маж со иницијали М.Д. од скопското село Елово е пронајден мртов во објект во селото Маркова Сушица лоцирано во околината на Скопје.
Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје пред два дена.
Телото на починатиот било предадено на обдукција, по што било констатирано дека смртта настанала како последица од струен удар.