Авион со 59 патници полетал, па се вратил на аеродромот оти пукнал прозорецот во пилотската кабина

Авион-со-59-патници-полетал-па-се-вратил-на-аеродромот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авионот „Боинг 737-800“ на јапонската компанија „Ол Нипон Ервејс“ се вратил на аеродромот од кој полетал откако за време на летот се појавила пукнатина на прозорецот на пилотската кабина, соопшти денеска компанијата.


Авионот бил на пат кон аеродромот во градот Тојама, но се вратил на аеродромот Њу Читозе во градот Сапоро на островот Хокаидо откако била откриена пукнатина на надворешниот слој на прозорецот на пилотската кабина.

Нема повредени меѓу 59-те патници и шестмината членови на екипажот.

Овој авион не е еден од авионите „Боинг 737 Макс 9“ кои се во центарот на вниманието на јавноста откако дел од авионот падна за време на лет минатата недела.

Вчера Американската воздухопловна управа го продолжи приземјувањето на „боингот 737 макс 9“ на неодредено време заради безбедносни проверки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK