Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Оклахома, јавува EMСЦ.
Земјотресот е регистриран во 5:36 часот по локално време, на 24 километри северно од Оклахома Сити, на длабочина од шест километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Сепак, жителите на Оклахома велат дека ги разбудил земјотресот, додека некои пријавиле дека им се тресела целата куќа.
🔔#Earthquake (#sismo) M4.5 occurred 15 mi N of Oklahoma City (#Oklahoma) 13 min ago (local time 05:36:21). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AJ4YbHw93S
🖥https://t.co/XRK9mhPtdy pic.twitter.com/h6YGXz8yt7— EMSC (@LastQuake) January 13, 2024
„Посилен од 4.2 што беше неколку часа порано, ме разбуди од здрав сон“, „Целата куќа се тресеше, траеше околу две секунди“, се само дел од сведочењата на луѓето на веб-страницата на ЕМСЦ.