Куќен притвор и за насилникот во М-НАВ кој беше во бегство 8 дена, Обвинителството ќе се жали

„Скандалот-во-М-НАВ-е-сликата-за-Македонија-како-е-кога.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едниот од четворицата недостапни напаѓачи на Контролната кула на М-НАВ кој вчера беше уапсен ќе оди во куќен притвор.


„За лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука“, велат од ОЈО Скопје.

Насилникот беше во бегство 8 дена. По другите тројца се уште се трага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK