Голем пожар избувна синоќа во магацините на голем синџир онлајн продавници во Санкт Петербург, а во моментов пожарот зафаќа површина од 50.000 метри квадратни, пренесуваат медиумите.
„Површината на пожарот во магацинот е 50.000 квадратни метри“, се вели во соопштението за печатот на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на РФ.
Leningrad holding 🫂 pic.twitter.com/uq14J6kqvE
— IgorGirkin (@GirkinGirkin) January 13, 2024
Засега нема информации за жртви. Во гаснењето на пожарот се ангажирани 112 пожарникари и 25 возила на Министерството за вонредни ситуации на Русија.
This one pic.twitter.com/VtkitqY9ig
— IgorGirkin (@GirkinGirkin) January 13, 2024