Гутереш повика на смирување на конфликтот меѓу Јемен, САД и Велика Британија

Гутереш-повика-на-смирување-на-конфликтот-меѓу-Јемен-САД-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш побара од „сите страни“ да избегнат „ескалација“ на конфликтот, откако САД и Велика Британија ги нападнаа позициите на Хутите во Јемен поради напад на ова шиитско движење врз поморскиот сообраќај поврзан со Израел во Црвеното Море.


„Генералниот секретар ги повикува сите инволвирани страни да избегнат ескалација на ситуацијата, што е во интерес на мирот и стабилноста во Црвеното Море и во целиот регион“, изјави портпаролот на Гутереш на прес-конференција.

Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен, ги напаѓаат бродските рути во Црвеното Море во знак на поддршка за Палестинците во Појасот Газа, каде што во израелсиот одговор на нападот на Хамас досега има повеќе од 23.000 жртви, од кои најмалку третината се деца.

САД и Велика Британија ги бомбардираа Хутите во Јемен ноќта кон петокот, откако со седмици ги напаѓаа трговските бродови кои се поврзани или пловат кон Израела во Црвеното Море, особено во близина на теснецот Баб ал-Мандаб на југозападниот дел на Арапскиот Полуостров.

Овие судири ги поттикнаа стравувањата од ширење на регионалниот конфликт, кој започна со војната меѓу Израел и Хамас. На барање на Русија, Советот за безбедност на Обединетите нации  ќе одржи вонредна седница на оваа тема.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK