Пентагон: Не испраќаме дополнителни сили поради нападот врз Хутите

Пентагон-Не-испраќаме-дополнителни-сили-поради-нападот-врз-Хутите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите држави не планираат да испратат дополнителни сили во регионот откако американската и британската армија извршија напади против јеменските бунтовници Хути, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.


Тој, исто така, објави дека американскиот министер за одбрана Лојд Остин, кој беше хоспитализиран на 1 јануари, бил „активно ангажиран во следењето и насочувањето на овие напади“, пренесува Ројтерс.

Во нападот на Хутите, САД, Велика Британија и нивните сојузници користеле моќен арсенал на оружје, вклучително и ракети Томахавк, и ангажирале подморници и борбени авиони Тајфун.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK