Приведени се четворица за пукањето во тетовската болница, се трага по уште едно лице

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири лица се приведени доцна синоќа за пукањето што се случи во Ургентниот центар на тетовската Клиничка болница, а по уште едно се трага.


Како што иожнформираа од СВР Тетово, синоќа се приведени Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) поради сомнение за нивна инволвираност во пукањето кое се случи околу 18 часот.

Со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK