Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Хиндукуш во источен Авганистан, јавува Ројтерс.
ЕМСЦ на Твитер објави дека земјотресот се случил на длабочина од 200 километри, а сведоците јавуваат дека траел долго, речиси една минута.
#Earthquake 65 km S of #Fayzabad (#Afghanistan) 23 min ago (local time 13:50:26). Updated map – Colored dots represent local shaking & damage level reported by eyewitnesses. Share your experience via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/yvrJP4rulF pic.twitter.com/6FUgiebG90— EMSC (@LastQuake) January 11, 2024
Засега нема информации за човечки жртви или материјална штета.