Црногорец фатен со повеќе од 22 килограми марихуана во „ауди“

Црногорец-фатен-со-повеќе-од-22-килограми-марихуана-во-„ауди.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сплитската полиција приведе црногорски државјанин кај кого биле пронајдени 22 килограми марихуана, соопшти Сплитско-далматинското јавно обвинителство.


Полициски службеници на службата за криминал со дрога ја завршија кривичната истрага против 60-годишен државјанин на Црна Гора поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и тргување со дрога.

Имено, вчера околу 14 часот e сопрено возило „ауди А6“ управувано од споменатиот 60-годишник, при што по судска наредба е извршен претрес на возилото, во посебен простор се пронајдени 20 ПВЦ пакувања со вкупно 22.480 грама марихуана.

60-годишниот маж е приведен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK