(Видео) Големи нереди во Папуа Нова Гвинеја, има мртви

Видео-Големи-нереди-во-Папуа-Нова-Гвинеја-има-мртви.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку осум лица загинаа по големите немири во главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морезби, јавува Би-би-си. Продавници и автомобили беа запалени, а супермаркетите ограбени откако полицајците штрајкуваа, незадоволни од платите и условите за работа.


Недостигот на полиција ги охрабри луѓето од периферијата на градот да ограбуваат продавници и да предизвикуваат немири, сето тоа во атмосфера на социјална апатија во земјата, поттикната од зголемените трошоци за живот и високата невработеност.

Премиерот Џејмс Марапе и се обрати на нацијата во четвртокот извинувајќи се за инцидентот, но рече дека нема да се толерира беззаконието.

„Со кршење на законот не се постигнуваат резултати“, и порача на јавноста.

Ситуацијата се стабилизираше вчера вечерта, откако војската излезе на улица, а дел од полицијата продолжи со работа, но премиерот изјави дека ситуацијата и понатаму е тензична. Болницата во Порт Морзби потврди осум смртни случаи во главниот град, додека уште седум лица починаа во Лае, вториот по големина град во Папуа Нова Гвинеја.

„Видовме невидено ниво на конфликт во нашиот град, нешто што никогаш не се случило во историјата на нашиот град и нашата земја“, рече гувернерот на главниот град, Паус Паркоп, во радио обраќање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK