Свен-Горан Ериксон е болен од рак: Јас умирам

Свен-Горан-Ериксон-е-болен-од-рак-Јас-умирам.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатиот фудбалски тренер Свен-Горран Ериксон објави дека боледува од рак и му останува уште една година живот.


„Сите знаат дека сум болен. Претпоставуваат дека имам рак и се во право. Но, ќе се борам додека можам. Не можете да бидете целосно сигурни. Подобро е да не размислувате за тоа“, изјави Ериксон.

Тој во минатото беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити и Лестер. Беше селектор и на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипините. Со Лацио освои седум трофеи, вклучувајќи ја и тројната круна во сезоната 1999-2000, како и Купот на победниците на куповите во претходната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK