По тешкото ранување во Арачиново во 2001-та примив литар туѓа крв и останав жив, дарувајте доколку можете, вели Ангелов

По-тешкото-ранување-во-Арачиново-во-2001-та-примив-литар-туѓа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дирекорот на ЦУК Стојанче Ангелов во Институтот за трансфузиона медицина денеска даруваше крв и порача секој кој може а нема здравствени ограничувања да дарува крв.


„После тешкото ранување во борбата за Арачиново во 2001-та, во салата за хируршки интервенции примив некој литар туѓа крв. Благодарение на неа останав жив.
Доколку немате здравствени ограничувања дарувајте крв барем еднаш во животот. Повеќе пати, уште подобро. Вашата крв ќе спаси некој живот. Можеби вашиот или животот на некој вам близок човек“, напиша Ангелов на Фејсбук.

Тој додаде дека несреќите се случуваат тогаш кога најмалку ги очекуваме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK