Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Суперкупот на Шпанија по победата над Атлетико Мадрид со резултат 5:3. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник 3:3.
Спектакуларен меч, во основните 90.минути одиграа ривалите од Мадрид. Навивачите во Ријад видоа три пресврти, мајсторски гол на Гризман, комични авто голови на голманот на Реал, Кепа и Савиќ.
Продолженија беа досадни се до 117.минута кога Савиќ постигна гол за 3:4, а потоа во 122.минута Брахим Дијаз погоди на празен гол.
Вториот финалист ќе биде познат по утрешниот натпревар меѓу Барселона и Осасуна.