(Видео) Германците поставија светски рекорд па ја прегазија Швајцарија

Видео-Германците-поставија-светски-рекорд-па-ја-прегазија-Швајцарија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Германските ракометари ја совладаа Швајцарија со 27:14 (13:8) во натпреварот од првото коло на Европското првенство на кое се домаќини.

На фудбалскиот стадион во Дизелдорф вечерва 53.586 гледачи ги предводеа „Панцерите“ до воведниот триумф на шампионатот, со што беше срушен светскиот рекорд за посетеност на ракометен натпревар.

Германија до победата ја предводеше феноменалниот голман Андреас Волф со 14 одбрани, додека најдобар стрелец кај домашните беше Јури Нор со шест гола.

Во репрезентацијата на Швајцарија се истакна Лени Рубин со четири гола.

Претходно денеска во истата група Франција беше подобра од Македонија со 39:29.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK