Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека властите на Република Српска ќе ја продолжат досегашната политика и нема да попуштат пред никакви закани.
По низата осуди за одбележувањето на 9 јануари како Ден на РС, кое беше организирано и покрај пресудата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој одбележувањето на тој датум го прогласи за неуставно, Додик на социјалната мрежа Х рече дека сите вакви реакции за него и неговите соработници се само доказ дека се на вистинскиот пат.
Република Српска је свечаном прославом најважнијег дана за све Србе, 9. јануара, послала поруку мира, љубави и слободе цијелом свијету. Не постоји јача сила од љубави према отаџбини и сви становници Републике Српске су показали како то изгледа када волите и не дате своје.…
— Милорад Додик (@MiloradDodik) January 10, 2024
„Ниту една закана што ја слушаме со години, дури и во овие денови на славење, никогаш нема да го смени тоа, тие само ја зајакнаа нашата верба дека тоа што го правиме е правилно. Нема сила што може да дојде и да го натера секој Србин да сака некоја фиктивна Босна“, напиша Додик.