Хеликоптер на ОН принудно слета во Сомалија: исламистите киднапираа луѓе, го запалија леталото

Хеликоптер-на-ОН-принудно-слета-во-Сомалија-исламистите-киднапираа-луѓе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб ги киднапирала патниците и екипажот на хеликоптер на Обединетите нации (ОН), потврди висок функционер за Би-би-си. Хеликоптерот слета во област контролирана од групата во дел од централна Сомалија. Некои извештаи велат дека екипажот на хеликоптерот бил принуден да изврши итно слетување, додека други тврдат дека слетувањето било грешка.


Западен функционер, кој сакаше да остане анонимен, зборуваше за Вашингтон пост, рече дека членовите на групата го запалиле хеликоптерот откако бил принуден да изврши итно слетување на пат кон градот Висил во централниот регион Галгудууд. ОН обезбедуваат логистичка и медицинска поддршка за мировниците на Африканската унија во Сомалија.

Претставник на мировните сили, кој не сакаше да биде именуван, рече дека во хеликоптерот немало мировници. Ал Шабаб контролира голем дел од територијата во јужна и централна Сомалија. Групата е поврзана со Ал Каеда и води брутален бунт од 2006 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK