Foto/ EPA
Македонската ракометна репрезентација со пораз го започна настапот на 16. Европско превенство. Во Дизелдорф Македонија, во првиот меч на првенството загуби од Франција со 29:39 (13:17).
Пред 50.000 гледачи на „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф, Македонија на фаворитот му „покажа заби“, но во второто полувреме Франција го демонстрираше индивидуалниот квалитет и сурово ги казни сите грешки на македонските ракометари.
Речиси без грешка изледаше играта на Македпнија во првите 15 минути. Франција на почлетокот создаде предност од два гола (2:4), но благодарение на голманот Митревски, Македонија ја стигна и ја престигна француската предност.
Добрата игра на Македонија, при резултат 10:8, го натера францускиот селектор Гијом Жил, да бара минута одмор.
По тајм-аутот Французите ја засилија играта во одбраната и втората половина од првиот дел ја завршија со 3:9, за водство 17:13 по првиот дел.
Во второто полувреме Франција доминираше. Французите од контра и полу контра ги казнија сите грешки во нападот на Македонија.
На крајот Македонија доживеа пораз со двоцифрена разлика.
Најдобар кај Македонија беше голманот Митревски со 12 одбрани, а стрелците ги предводеа Пешевски со седум и Ѓонов со шест гола. Кај Франција најефикасни беа Деска со седум и наи со шест гола.
Во наредното коло Македонија ќе игра против домаќинот Германија.