Сертификатот ги измери и потврди емисиите на јаглерод генерирани во текот на целиот животен циклус кај вкупно 10 модели од групите производи на фрижидери, машини за перење и климатизери
– Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека 10 модели од 3 групи производи дигиталните апарати за домаќинство добија Сертификат за јаглероден отпечаток на производот од Carbon Trust. Сертификатот докажува дека Carbon Trust ги измерил и потврдил емисиите на јаглерод од производите врз основа на глобалниот стандард PAS 2050:2011.
„Добивањето на Сертификатот за јаглероден отпечаток на производот за нашите апарати за домаќинство е значајна пресвртница“, рече Јеонг Сеунг Мун (Jeong Seung Moon), EVP и раководител на тимот за истражување и развој на дигитални уреди во Samsung Electronics.
Carbon Trust е глобална консултантска компанија во областа на климатските промени, која има за цел да го забрза движењето кон декарбонизирана иднина. Компанијата, која е основана во Обединетото Кралство и работи на глобално ниво, ги потврдува јаглеродните отпечатоци на производите во согласност со меѓународните стандарди.
Производите на Samsung беа сертифицирани врз основа на целиот животен циклус, земајќи ги предвид целокупните емисии на стакленички гасови на производот од екстракција на суровини до производство, дистрибуција, употреба и отстранување.
Сертификатот е издаден за вкупно 10 модели, кои вклучуваат три модели на фрижидери[1] BMF, еден модел на клима уред[2] WindFree™ што се продава во Европа и за шест модели на машини за перење[3] Bespoke Grande што се продаваат во Кореја.
Понатаму, Samsung Electronics планира да ги користи измерените бројки за управување и проценка на емисиите на јаглерод од производството на следните модели во наведените групи производи.
[1] RB38A7CGTS9/EF, RB38A7CGTS9/EU, RL38A7CGTS9/EG
[2] AR12CXCAAWKNEU
[3] WF25CB8895BV, WF25CB8895BG, WF25CB8895BF, WF25CB8895BB, WF25CB8895BE, WF25CB8895BW