Полицаец во САД застрела невооружено 11-годишно дете

Полицаец-во-САД-застрела-невооружено-11-годишно-дете.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Локалните власти објавија снимка од камера на телото на полицаец кој застрелал 11-годишно момче во Мисисипи. На видеото се гледа како полицаецот од Индијанола, Грег Каперс, пристигнува во домот на 11-годишниот Адериен Мари едно утро минатиот мај, откако момчето повикало полиција бидејќи неговиот татко и’ се заканувал на мајка му.


Прикажан е и моментот во кој Каперс пука во градите на невооружено момче, во моментот кога момчето влегло во собата и ги кренало рацете. Момчето преживеало, но се здобило со сериозни повреди и морало да оди на скапа терапија, пишува Ројтерс.

Во декември полицаецот беше ослободен на суд бидејќи поротата заклучи дека немал криминална намера кога пукал во момчето.

Родителите на момчето поднеле и граѓанска тужба против полицаецот, градот Индијанола и началникот на полицијата. Тие бараат отштета од пет милиони долари за непромисленото непочитување на правата и безбедноста на семејството Мари од страна на Каперс.

Властите им дозволија на мајката на момчето и нејзиниот адвокат да ја погледнат снимката, но им беше забрането јавно да го објават видеото.

„Градот Индијанола напорно се бореше за да го спречи објавувањето на снимката од камерата на телото на полицаецот Грег Каперс како пука во мојот невооружен клиент. Претпоставувам дека заборавиле дека истрагата е завршена и медиумите сега можат да пристапат до снимката“, напишал адвокатот Карлос Мур на „Икс“.

Државното обвинителство на Мисисипи најави дека нема да презема никакви дополнителни кривични дејствија во врска со овој случај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK