Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, отпатува за Литванија, а потоа ќе ги посети Летонија и Естонија во наредните денови, објави тој на социјалната мрежа „Икс“.
„На дневен ред се безбедноста, интеграцијата во ЕУ и НАТО, соработката во електронското војување и беспилотните летала и натамошната координација на европската поддршка“, рече Зеленски.
Зеленски ќе одржи и јавен говор.