Успешните економски мерки и политики на СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Стапката на инфлација во декември 2023 година се спушти на 3,6 отсто, велат од партијата преку соопштение.
„Инфлацијата е намалена за околу пет пати во однос на декември 2022 година, кога изнесуваше високи 18,7%.
СДСМ го заштити стандардот на граѓаните, со креирање и реализација на мерки како одговор на високите стапки на инфлација предизвикани од економската и енергетската криза.
Истовремено, со постигнување на ниска и стабилна инфлација, економските мерки поттикнаа раст на платите.
Просечната плата се искачи на највисока вредност досега од речиси 39.000 денари.
Со СДСМ ќе продолжат да растат платите и пензиите, како и куповната моќ на граѓаните.
СДСМ продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните“, се додава во соопштението.