Делегацијата на ЕУ: Да се истражи насилството врз персоналот во М-НАВ, а вработувањата да се засноваат врз искуство и квалификации

Делегацијата-на-ЕУ-Да-се-истражи-насилството-врз-персоналот-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегацијата на Европската Унија во Македонија објави дека со загриженост ги следи случувањата во врска со националниот давател на услуги за воздушна навигација М-НАВ и дека императив е именувањата во националниот давател на услуги за воздухопловна навигација и поврзаните услуги, исто како што треба да важи и за другите институции, да се засноваат на заслуги, квалификации и искуство.


Од Делегацијата потсетуваат дека државата се обврзала да го имплементира законодавството на ЕУ што се однесува на давателите на услуги за воздушна навигација (АНСПС). Ова, како што се додава, вклучува одредби со цел за да се обезбеди независност на давателите на услуги за воздушна навигација (АНСПС) од државата, дека персоналот – особено контролорите на летање – ги исполнуваат законските барања за такви работни места и дека обезбедувањето на услугата ги почитува целите во однос на безбедноста, економичноста, капацитетот и животната средина.

Од Делегацијата на Европската Унија очекуваат државните власти брзо да ги истражат наводите за пристрасност во вработувањата во овие служби.

Исто така, од Делегацијата на ЕУ очекуваат разрешница на насилството врз персоналот во М-НАВ.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK