Владата предложи трошаџија за директор на М-НАВ: на државна сметка си ја шетал сопругата во Мадрид како директор на АЦВП

Авион-во-Лондон-полетал-со-скршени-прозорци-претходниот-ден-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На местото на досегашниот директор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди, Владата на денешната седница го назначила Илир Мехмеди, кој е поранешен директор на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.


Тој е воздухопловен инспектор, но не го исполнува условот еден од директорите да е од редот на контролорите на летање. На местото извршен директор, статутот вели дека тоа мора да е контролор на летање, треба да има валидна дозвола за надзорен контролор на летање и најмалку 6-годишно работно искуство како надзорен контролор на летање.

Во времето кога директорувал со Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба, Хамиди ја носел неговата сопруга на патување во Мадрид, а приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, утврдиле во Државниот завод за ревизија.

Како што пред 14 години објави „Макфакс“, ревизорските извештаи покажале дека Мехмеди, кој бил назначен од редовите на ДУИ, незаконски потрошил повеќе од 8.000 евра од касата на УЦВП за патувања што не биле за целите и потребите на Управата.

Исплата на сомнителни фактури, непочитување на Законот за јавни набавки, ненаменско трошење пари без соодветни одлуки од Владата, се само дел од неправилностите што ги констатирале државните ревизори во работата на УЦВП додека директорувал Мехмеди.

Контролата покажала дека од касата на управата биле исплатни повеќе од 25.000 евра за набавка на мебел, клуб маси, трпезариски столови, комоди, фотелји, двоседи, телевизори, двд кои воопшто не биле евидентирани по пописот во просториите на управата на крајот на 2005 година. Од увидот во планот за јавни набавки за 2005 година и документацијата од спроведените јавни набавки, ревизијата констатирала дека од планираните 52 набавки, биле реализирани 11. Од нив, 10 набавки со вкупна вредност од безмалку 400.000 евра биле реализирани надвор од планот за јавни набавки.

„Исплати на средства за набавка на опрема, материјали, резервни делови и ситен инвентар и користење на услуги од повеќе доставувачи, во износ од 860.000 евра биле потрошени без спроведена постапка за јавна набавка или спроведена постапка спротивно на Законот за јавни набавки“, пишува во извештајот.

На денешната седница Владата предложи смена и на вториот директор на М-НАВ. На местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Кораќ, кој е оперативен инженер техничар во М- НАВ.

Третиот директор Хасим Деари не се менува.

Во меѓувреме Финансиската полиција денеска влезе во Македонски навигации и врши увид во работењето на М-НАВ. Штрајкот на контролирите, по смената на директорите ќе биде ставен во мирување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK