Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати честитка до претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, по повод Денот на Република Српска, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен.
„Верувавме дека тешките времиња се зад нас, но се плашам дека допрва доаѓа ерата на големи предизвици, како за Србија, така и за РС“, вели Вучиќ.
Тој додава дека Србија „сите овие години се однесуваше одговорно и доследно го поддржуваше Дејтонскиот мировен договор и правните рамки што произлегуваат од тој договор“.
„Многумина кои учествуваа во донесувањето на таа рамка се обидуваат да се исмеваат со нејзините фундаментални постулати и суштински да го избришат постоењето на РС со нејзините уставно загарантирани надлежности. Србија нема да го промени својот став и ќе остане посветена на словото на Дејтонскиот договор, поддржувајќи го територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, но и остро се противи на укинување или какво било понижување на Република Српска“, рече Вучиќ.
Инаку, Уставниот суд на БиХ 9 јануари го прогласи за празник, а Денот на РС три пати за неуставен.