„Вевчански карневал е нешто на што Македонците се горди“, рече Џамбазов и со министерката за култура го најавија почетокот на фестивалот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Игор Џамбазов на прес конфенренција рече дека Вевчански карневал е нешто на македонците се горди и заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска  го најаваија почетоткот на фестивалот.



„Најкреативните луѓе во Македонија, Вевчанците знаат да направат шега и смеа. Вевчански карневал е бренд кој не смее да се одбие. Драго ми е што министерството за култура е голем подржувач на вевчанскиот карневал. Јас одвај го чекам почетоткот на самиот карневал и посакувам едно успешно издание“, рече Џамбазов.

Официјалниот почеток на Фестивалот  ќе биде на 13 ти јануари.

„Благодарност до министерството за култура, кога ќе видите што ќе направиме оваа година, ќе сакате и повеќе да ви дадеме наредната година“, додаде Џамбазов.

Како што соопшти министерката, склучен е договор за финансирање на фестивалот од 3 милиони денари, и сумата е префрлена на сметката на општината пред почетокот на карневалот.

„Вевчанскиот карневал е наматеријално културно наследство“, додаде министерката Стојчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK